На 6 ноември 2026 година, во 04:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека избувнал пожар во патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид.
Возилото е сопственост на 24-годишниот Д.Ѓ. од Охрид.
Во пожарот нема повредени лица, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се соопштени.




