Хесус Овоно се огласи во јавноста и порача дека ги минува најтешките денови во својот живот, но лица кои се блиску до голманот сега го информирале „Мундо Депортиво“ дека чуварот на мрежата на Андора размислува и за ран крај на кариерата.
Блиски извори до фудбалерот откриваат дека тој е целосно уништен, веќе неколку дена е затворен во својот дом и исклучен од надворешниот свет, но „Мундо Депортиво“ добива информација која вели дека страшната трагедија може да означи и крај на кариерата на Овоно.
Како прв чекор по немилиот настан, Овоно целосно ги деактивираше своите профили на социјалните мрежи, потоа самиот побара да биде отстранет од составот на репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја за претстојните квалификациски натпревари за Африканскиот куп на нации, а сега наводно размислува и за уште еден радикален чекор.




