Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ денеска на состанокот посветен на спроведувањето на Реформската агенда, пред претседателот на Владата го презентирал напредокот во реализацијата на реформските чекори во енергетскиот сектор.

Во фокусот на презентацијата, како што соопшти ресорното Министерство, биле постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите, унапредувањето на законската рамка и активностите насочени кон модернизација на енергетскиот сектор.

-Енергетиката претставува еден од клучните сегменти за економскиот развој и напредокот во процесот на европска интеграција. Напредокот во спроведувањето на реформските активности е нотираn и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Министерството продолжува со реализација на утврдените реформски приоритети, со посебен акцент на зајакнувањето на енергетската сигурност, усогласувањето со европското законодавство, модернизацијата на секторот и создавањето услови за нови инвестиции, се нагласува во соопштението.