Кинескиот производител BYD испиша нова страница во автомобилската индустрија откако неговиот електричен хиперавтомобил Јангванг У9 Екстрим достигна максимална брзина од неверојатни 503,17 километри на час, со што стана првиот сериски автомобил во светот кој ја надмина границата од 500 км/ч.
Рекордното достигнување беше остварено на 1 ноември во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, на затворен дел од сообраќајницата Халифа бин Зајед ел Нахјан. Зад воланот бил германскиот професионален возач Марк Басенг.

Јангванг У9 Екстрим располага со четири електромотори со вкупна моќност од 2.220 киловати, односно приближно 3.000 коњски сили. Автомобилот користи напредна електрична платформа од 1.200 волти, а неговите погонски и системи за контрола се специјално оптимизирани за постигнување екстремни брзини.
Со новиот резултат, U9 Xtreme го надмина сопствениот претходен рекорд од 496,22 км/ч, поставен во септември 2025 година на тест-патеката АТП Папенбург во Германија.
Производството на овој ексклузивен модел ќе биде ограничено на само 30 примероци.
МИА




