На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на експресен пат Прилеп – Градско, влечно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(38) од село Стојаково, општина Богданци, удрило во метална еластична ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.