Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), по неодамнешните разрешувања предизвикани од корупциски скандал кој предизвика незадоволство во јавноста.

Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски ги оцени како „отворено срамни и целосно неприфатливи“ откритијата на антикорупциските органи дека високи функционери во безбедносниот сектор и во органите за спроведување на законот прикривале криминална група.

-Поради тоа веќе има разрешувања во Службата за безбедност на Украина, а претстојат и други кадровски одлуки – нагласи Зеленски. (МИА)