Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 09.11.2026 година (понеделник) планирани се следниве исклучувања  на електрична енергија:

Поради работа во ТС Белимбегово без напојување со ЕЕ ќе останат дел од Белимбегово (кај мостот) од 08:30 до 11:15 часот во општина Илинден.

Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ќе останат ул.Струмичка,ул.Ќемал Сејфула и ул.Вуковарска од 09:00 до 12:00 часот во општина Чаир.

Поради работа електричната мрежа без напојување со ЕЕ ќе останат дел од ул.Леринска и дел од ул.Багдадска од 09:00 до 11:00 часот во општина Карпош.

Поради работа во ТС Јурумлери без напојување со ЕЕ ќе останат дел од с.Јурумлери од 11:45 до 15:00 часот во општина Гази Баба.

Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ќе останат дел од ул.Крсте Асенов и дел од ул.Емин Дураку од 12:00до 15:00 часот во општина Чаир.