Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот код на Република Македонија.

Во графиката за денешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Грција, од квалификациите за ЕП 2028, грчката телевизија ја потпиша нашата репрезентација со кодот НМКД, иако меѓународниот код е МКД.

Со ова и грчката ракометна федерација покажа и непознавање и непочитување на меѓународни договори.