Вардар освои значајни три бода на гостувањето во Кратово, совладувајќи го Силекс со 0-1 во натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Херој на скопјани беше Горан Закариќ, кој го постигна единствениот гол на почетокот од второто полувреме, на асистенција на капитенот Азер Омерагиќ.

Вардар успеа да го одбрани минималното водство и да ја запише седмата победа сезонава. „Црвено-црните“ сега имаат 24 бода, исто колку и Тиквеш, додека Силекс останува на 17 бода и петтата позиција на табелата.