Кожуф приреди изненадување во денешното коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Гевгелија успеа да му одземе бод на Пелистер, играјќи 1-1.

Киксот на Пелистер го искористи Охрид, кој немаше никакви проблеми против Камјани и славеше убедливо со 4-0. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на лидерската позиција и сега имаат два бода предност пред битолскиот тим.

Убедливо издание имаше и Работнички, кој на гостувањето кај Осогово славеше со 3-0.

Резултати од останатите натпревари:

Беласица – Шкупи 2-0

Детонит – Брера 1-0

Новаци – Македонија Ѓорче Петров 2-0

Тетекс – Горно Лисиче 4-0