Машката македонска ракометна репрезентација попладнево ја очекува нов натпревар од квалификационата група за ЕП 2028. По триумфот над Луксембург во Скопје во средата, македонскиот тим ја очекува незгоден ривал селекцијата на Грција.
Оваа репрезентација во баражот за претстојното Светско првенство ја елиминираше Холандија, затоа селекторот Кирил Лазаров повикува на внимателност.
– Ќе имаме пеколен натпревар. Затоа ќе пристапиме сериозно и мора да имаме контрола и треба да сме подготвени на се. Важен е пристапот и како ќе играме за време на натпреварот и треба да го држиме темпо како со Луксембург, изјави Лазаров.
Почетокот на дуелот е во 16 часот, а во истиот термин се игра и вториот дуел од нашата група меѓу Луксембург и Шведска.
Фото: РФМ




