„Лидерот“ на СДС, Венко Филипче, по вчерашните закани до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска продолжи со „две раце“ активно да го проблематизира прашањето кој би бил заинтересиран да ја купи Алта банка, посочувајќи дилетантски и инсинуирајќи на стечајот на Алта банка во Белград и на информациите за притворот на нејзиниот сопственик, пишува во својата анализа Курир.
Oва доаѓа по најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека има заинтересирани купувачи за банката, со што таа експесно би се продала и би се завршила голготата на македонските штедачи, уплашени токму од фејк-наративите на Филипче. Очигледно е, дека некој не сака да заврши оваа голгота, за што конкретен доказ е утринскиот хистеричен прес на СДС и демагошкиот настап на „лидерот“ кој продолжува да шири паника.
„А сега гледаме дека Алта Београд е во стечај, а газдата е во притвор“, истресе Филипче.
Тој изнесе и редица тотално неаргументирани обвинувања за потеклото на капиталот, повикувајќи се на рекла-казала медиумски објави од Србија за некаква си наводна поврзаност со криминални пари, корупција и шверц на дрога. Филипче тврдеше и дека за банката имало истраги и регулаторни пречки во други европски земји. Овие наводи ги изнесе како обвинувања, без во изјавата да приложи никакви докази за нив.
Крајно инфантилно, Филипче ја поврза аферата и со европските интеграции на земјата, обвинувајќи го премиерот дека со застојот на европскиот пат се овозможуваат сомнителни финансиски трансакции.
„Не може да влегуваат во Европа вакви криминални банки со сомнителен капитал“, изјави со нови инсинуации Филипче, оценувајќи крајно аматерски и неодговорно дека со ваквите трансакции демек се загрозувал банкарскиот и финансискиот систем во земјата.
Очебијно, СДС е во паника дека ќе заврши уште една лага на која „се возеа“ минатите две недели, слично како што финишираа нивните лаги за затруената вода во Скопје, за мигрантите кои доаѓаат, за буџетот што пропаѓа, па се до пензиите кои пензионерите нема да ги земат.
До сега, не се извинија за ниту една од горепосочените лаги…
Извор: Курир




