Ниту министрите, ниту директорите, ниту верските лица не се поштедени од сообраќајни казни. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека бројни функционери и јавни личности му се пожалиле дека добиле казни, но и дека си ги палтиле, што според него е потврда дека системот функционира и дека никој не може да избегне санкција поради својата позиција.

-Многу, многу, не знаете колку многу ми имаат кажано дека министри, директори, не знам, црковни лица од една, од друга, од трета религија и така натаму. Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната, изјави Тошковски.

Министерот посочи дека и самиот добил и платил казна, нагласувајќи дека системот важи за сите, независно од функцијата што ја извршуваат.