Пратеникот Аднан Азизи од партијата Вреди изрази загриженост за неприсуството на пратеници на ДУИ на денешната надзорната расправа и посочи дека во јавноста имало информации за фамилијарни врски на нивни челници со сопствениците на Алта банка и оние што ја донеле Алта банка во Македонија.

– Оваа дебата ќе беше идеална ситуација за Али Ахмети да посведочи каква поврзаност има со компанијата „Ас сењак“ иако нејзиниот дел го продала на српската банка. Дали е вистина дека сопственикот на оваа компанија е сватот на Али Ахмети, односно негов близок? Дали Али Ахмети знаеше за оваа трансакција? Јас мислам дека Али Ахмети е силно навлезен во корупција, но не мислам дека тој стигнал до тоа ниво да се продаде кај Вучиќ. Тој треба да излезе и да објасни што значи неговото молчење, а може да потресе многу Албанци и многу блиски – рече Азизи.

Според него, на 24 октомври 2024 година компанијата „Ас сењак“, која е во сопственост на сватот на Ахмети, добила акции во Стопанска банка – Битола со една компанија поврзана со Сашо Мијалков. На 9 јуни, продолжи тој, друга компанија, чиј сосопственик е „Ас сењак“, зела кредит пет милиони евра од Алта банка – Белград. – На 17 септември 2025 година акциите на компанијата на сватот на Али Ахмети се продадоа на Алта банка. Дали ќе се истражуваат и овие трансакции на оваа компанија бидејќи ДУИ е поврзана со овој случај? – праша Азизи. (МИА)