Продлабочениот јаз меѓу либералната влада на Полска и десничарската опозиција достигна нова критична точка.

Лидерот на конзервативната опозициска партија Право и правда, Јарослав Качински ја обвини владејачката партија дека им служи на странски интереси.

Качински изрази надеж дека партијата ќе победи на парламентарните избори во 2027 година и ќе се врати на власт.

– Тие се подготвени буквално да направат се, рече конзервативниот политичар и додаде дека владата на Туск е толку сурова и брутална што можеби е подготвена дури и да пролее полска крв.

Во говорот на Денот на независноста синоќа, Туск ги осуди забелешките на Качински.

– Имаме одговорност да обезбедиме полската крв никогаш да не се пролее од внатрешни полски причини, рече премиерот.