Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Даблин изјави дека се чини дека во Русија расте подготвеноста да се признае дека преговорите за постигнување мир во Украина не можат да се водат без учество на Европа.

„Тоа е, пред сè, добра вест. Дали таквиот тренд ќе продолжи, останува да се види. Во голема мера ќе зависи од разговорите што ќе се одржат во наредните денови“, рече Мерц на маргините на состанокот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Даблин, пренесуваат британските медиуми.

Трилатерален состанок на претставници на Русија, Украина и САД се одржа во Абу Даби вчера и завчера, а пред почетокот на преговорите се одржа состанок на украинската делегација со претставници на Европската Унија и САД.

Преговорите за постигнување мир во Украина се одржаа зад затворени врати и без присуство на медиумите.

Фото: Архива