Иран денеска пријави уште еден инцидент со танкер за нафта, кој се запалил во Ормуска Теснина откако наишол на мина.
Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) веќе соопшти за два слични инициденти денеска во Ормуска Теснина. Речиси секојдневно се пријавуваат бродови кои налетале на мини.
Иран има воведено ограничување за преминување на бродови низ Ормуска Теснина. Според Корпусот на исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има одобрение, а во спротивен случај се преземаат „соодветни мерки“.




