Кина и САД вчера одржаа консултации за трговските прашања, само неколку дена пред планираната средба помеѓу претседателите на Кина и на САД, Шји Џинпнг и Доналд Трамп.

Како што денеска соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, првиот состанок на заедничкиот трговски совет се одржа вчера преку видеоконференција, а се разговарало за евентуално намалувања на царините во вредност од 30 милијарди долари, земјоделска трговија и други теми.

Во соопштението на кинеското МНР се наведува дека првиот состанок на трговскиот совет бил „отворен, темелен и конструктивен“.

Конкретните резултати од разговорите сè уште не се познати.

Билатералниот трговски механизам првпат беше договорен во мај за време на самитот меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг, а беше дополнително доработен на последователниот состанок во Вашингтон во септември.

Според Белата куќа, Трамп и Шји ќе се сретнат на 19 ноември на маргините на Самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) во Шенжен.

На Самитот на АПЕК планирана е и трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.