Вашето копиле не можете да го оставите пред туѓа врата. Сега, кога се фатени на дело со сопствените потписи во документите за продажбата на Стопанска банка – Битола на белградската Алта Банка, функционерите на ВМРО од ВЛЕН се обидуваат да го пренасочат вниманието со обвинувања и банални спинови, се вели во реакцијата од ДУИ на прес-конференција на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Ја споменуваат продажбата, во 2023 година, на одредени акции на Стопанска банка – Битола, како тогаш некој да можел да знае дека во 2025 година владата на ВМРО и ВЛЕН ќе ја потпише одлуката за продажба на банката на белградската Алта Банка. Не ја навредувајте интелигенцијата на граѓаните мислејќи дека ваквите манипулации ќе ви поминат!

Не успеаја да одговорат ниту на едно едноставно новинарско прашање: Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во С. Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Наместо одговор, рекоа дека ќе одговорат писмено. Кога треба да се понесе одговорност, им снемува зборови.

Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“

Самите ѝ ја отворија вратата на Алта Банка, самите ги потпишаа и ги заверија одлуките, а сега излегуваат и ги обвинуваат другите. Откако ја завршија работата, сакаат да си ги измијат рацете. Но, лицето не се мие со валкана вода!

Ние предупредивме уште пред Алта Банка да влезе во С. Македонија. Јавно им кажавме дека оваа банка има сомнителни врски со таканаречениот „Српски свет“. Тие не сакаа да слушаат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери од ВЛЕН побрзаа да ѝ ги отворат вратите на банката на Вучиќ.

Сега, кога на површина излегуваат сомнежите за заднината на оваа зделка, се прават како да паднале од Марс. Ништо не знаат, ништо не виделе, ништо не слушнале. Само едно заборавиле: нивните потписи стојат на документите!

Тоа што ние го кажавме, како загриженост го посочи и Европскиот парламент: влијанието на „Српскиот свет“ е опасност за регионот. А оваа влада, со Стоилковиќ во своите редови и со политичката блискост со Додик, му го отвора патот токму на тоа влијание.

Функционерите на ВМРО од ВЛЕН можат да викаат колку што сакаат, но сонцето не се покрива со сито. Не можете да бидете во владата кога се дели колачот, а да се претворате во опозиција кога треба да се понесе одговорност.

Ве предупредивме. Вие знаевте. Вие ги донесовте одлуките. Вие ги ставивте потписите. Сега не барајте го виновникот пред туѓа врата!

Алта Банка не ја донесе ветрот. Вие ѝ ја отворивте вратата!

Алта Банка е вашето копиле и вашето копиле не можете да го оставите пред туѓа врата!

Фото: ДУИ