Охридскиот аеродром годинава би можел да достигне меѓу 370.000 и 400.000 патници, што е значително повеќе од претходните проекции за 130.000 патници до 2030 година, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Како што објави на својот Фејсбук профил, двата македонски аеродроми – скопскиот и охридскиот, годинава се очекува да опслужат близу четири милиони патници.
Тоа претставува значителен раст во споредба со 2024 година, кога вкупниот број патници изнесувал 2,4 милиони.
Николоски меѓудругото пишува дека зголемениот на бројот на патници е резултат на владините политики за поддршка и отворањето на нови авиолинии.




