Искра Хаџи Василева и официјално ја презема функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК, пишува Курир.

Укинување на истрагата за „Бонусите на СЈО“ тешки 4,6 милиoни евра, прекин на истрагата за мега-аферата „Мазут“ тешка 167 милиони евра, седењето на глава на братот на Али Ахмети и спороста на случајот „Лотарија на Македонија“ која му даде време на Груби да избега се само дел од скандалите по кои ќе се памети мандатот на Ислам Абази.

Ислам Абази, додека беше на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава за случајот со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за афера вредна околу 4,5 милиони евра, поврзана со исплата на надоместоци за доверливост на обвинителите и вработените во СЈО. Македонија се’ уште чека разврска на оваа мега-афера за која сведочат и поранешни обвинители од некогашното СЈО, а доказите се во извештајот на ДЗР.

Исто така, го укина и предметот „Мазут“, мега афера тешка 167 милиони евра во којa  се вмешани високи функционери на СДСМ и ДУИ. За ова тогаш реагираше и ВМРО-ДПМНЕ.

-Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја и сомнежи за перење пари и нанесување штета на животната средина. Во случајот во кој цела јавност виде сериозни индиции за тежок криминал, Абази не виде докази и од кривична одговорност ги спаси Васко Ковачевски од СДС и Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и нивните партнери. Ова не е случајна одлука, туку доказ за големото влијание коешто Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев сè уште го имаат кај поединци во обвинителството и судството, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинија и дека Ислам Абази лаже кога тврди дека не вршел никакво влијание врз ниеден обвинител, да се донесе ваква одлука за запирање на гонењето на овој сомнеж за криминал од 167 милиони евра.

„Затоа што, како шеф на ЈО ГОКК, надлежен е еднаш неделно да добива брифинг од подредениот обвинител, за ваквите крупни случаи, а исто така овластен е доколку некој понизок обвинител реши дека не сака, или смета, дека нема основ ваков случај да се води, тој да одлучи случајот да продолжи да се гони, или да го предаде во надлежност на друг обвинител“, посочија тогаш од партијата.

Истрагата за аферата со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ е повторно отворена, откако Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ. Предметот е вратен во ОЈО ГОКК со налог да се приберат дополнителни податоци од институциите и да се нарачаат нови вештачења за да се утврди евентуална кривична одговорност.

Уште од самото доаѓање, Абази беше познат како „обвинителот кому на глава му седи братот на Али Ахмети. Веднаш по изборот, во медиумите протекоа фотографии на кои Абази е во придружба на високи функционери на ДУИ, вклучувајќи го Невзат Бејта, како и братот на лидерот Али Ахмети (со кого Абази потекнува од истото село, Зајас). Абази тогаш се правдаше дека станува збор за случајни средби при планинарење и семејни веселби. Фотографијата кажува се’.

 

Политичките партии како ВМРО-ДПМНЕ и Левица во 2023 година го обвинуваа Абази дека молчи и не отвора постапка по допрен глас за спорните тендери и закупот на деловни простории во Визбегово во вредност од 2,6 милиони евра. Тие тврдеа дека Обвинителството намерно не реагира поради наводна блискост на Абази со раководството на ДУИ и со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Случајот стартуваше со задоцнување и бегство на Груби, кој добил инсајдерски информации за истото…

Извор: Курир