На социјални мрежи брзо се шири фотографија каде претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја бакнува терористката Јулијана Бушиќ, сопругата на хрватскиот националист Звонко Бушиќ, кои своевремено беа осудени на доживотен затвор во САД заради киднапирање на авион.
Таа и нејзиниот сопруг, Звонко и уште тројца други мажи, учествуваа во киднапирање патнички авион на линијата Њујорк – Чикаго.
Звонко Бушиќ беше хрватски националист кој во 1976 година во САД киднапира патнички авион и постави експлозивна направа од која загина полициски службеник во Њујорк.
Киднаперите му заканиле на екипажот и на патниците со бомба, па авионот не слета во Чикаго, туку продолжил до Лондон, над кој беа фрлени летоци за независност на Хрватска од тогашна Југославија.
По неколкучасовна драма, киднаперите се предадоа, и иако експлозивите се покажаа лажни, киднапирањето резултираше со една жртва.
Звонко и Јулијана Бушиќ беа осудени на доживотен затвор, со можност за помилување по 10 години затвор.
Јулијана беше помилувана во 1989 година, а нејзиниот сопруг изврши самоубиство во Хрватска во 2013 година.
Фотографијата на Грабар Китаровиќ и Јулијана Бушиќ е од март минатата година на промоција на книгата „Кој го уби Звонко Бушиќ”.