Јас не можам да кажам дали има сигнали на поместување, но се разбира дека разговараме, разговараме и со највисоките претставници на Европската Унија. Ние сме спремни да разговараме и со соседот, но бараме извесност – рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање дали на дипломатски план има сигнали за позитивно поместување во дијалогот со Бугарија.

– Се разбира дека ние не сме радикални во барањата. Ние само сакаме извесност. Ние само сакаме да не биде ова уште една измена заради измена по која ќе следува нова. Ние не сакаме да бидеме третирани поинаку од другите, едноставно сакаме да знаеме дека ако нешто мора под наводници да се направи, дека тоа нема да биде само едно од многуте други – изјави претседателката по денешната дебата во Собранието по повод 35 години од донесувањето на првиот Устав.

Фото: Архива