Средното училиште Таканава во Токио, во Јапонија, активно го изучува македонскиот јазик и култура под водство на нивниот посветен професор Томоки Аојама, кој го раководи Македонскиот клуб, објави Амбасадата на Јапонија во Македонија на својата официјална Фејсбук страница.

– Неодамна училиштето го посетија Н.Е. г. Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија, како и нашата колешка Галина-сан. Учениците добија работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од Бушава азбука, Македонски бајки, како и традиционални македонски омијаге (сувенири) во вид на локални македонски чоколади и слатки, се вели во објавата на јапонската Амбасада.

Во прилогот кој може да го отворите ТУКА се објавени и повеќе фотографии.