Полицијата ја утврдила локацијата од која биле испраќани лажните дојави за поставени бомби во училиште во Тетовскиот Регион во текот на минатиот месец.
Едно лице од овој регион е обезбедено и ќе биде изведено пред суд за испраќање на дојавата.
Локацијата била откриена утрово, по претходно обезбедена судска наредба и размена на информации.
– Утрово по претходно обезбедена наредба од судија, а претходно и со размена на информации, успеавме да ја утврдиме локацијата од каде се испраќани лажните дојави. Станува збор за лице од тетовско, тоа е обезбедено и ќе биде изведено пред суд – рече во одговор на новинарско прашање директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на денешната прес-конференција во МВР.




