Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишната Т.С. од с.Глуво, скопско, Н.Т.(37) од с.Тисовица, Општина Зелениково и Е.Р.(37) од с.Черкези, кумановско. Додека, пак, службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско и од с.Уланци, општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекна со право на управување.
Под дејство на алкохол возеле З.Д.(40) од Битола и И.Г.(41) од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода.
Лицето А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско управувал патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.




