Откако вчера доживеаја класичен дебакл на организираните протести во Охрид, обид во кој не успејаа да ги анимираат ни сопствените партијци во Охрид со злоупотребата на судбината на Сара, СДС денеска инстант се прешалта на старата и добро позната и уходана тема со лагите, хистеријата и хушкањето за Алта банка, пишува Курир.
Проблемот е што СДС никако не може да куртули од тој фамозен и само ним видлив „српски свет“ и не може „ни под разно“ да ја скрие неверојатната посветеност и загриженост за случувањата кај северниот сосед. Опседнатоста со Србија на врхушката од Бихаќка не губи на интензитет. Познавачите на состојбите велат дека тоа се должи на српскиот пи-ар тим кој секојдневно им ги „штанца“ инфантилните соопштенија, за што доказ беше појавата на именката НОВАЦ во едно од партиските соопштенија за Алта банка АД Битола. Днеск, Богданка изгледаше како репортер на ТВ СДСС, кој во живо од говорницата на Бихаќка зивестува за случувањата во Србија.
„Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем.
Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра,“ пренесе видно разбушавената и потресена околу српската судба Кузеска.
Откако на македонските граѓани им пренесе што се случува во Србија, таа со несмален жар продолжи со мисијата за катадневно девалвирање на македонската банка, небаре се надеваат на неуспешна продажба на аукцијата на 30-ти месецов. Продажба која ќе значи крај на нивната хистерија и лаги. Точка. Исто како за мигрантите. Како и за затруената вода во Скопје. Како и за пропаста на буџетот. Како и за пензиите кои пензионерите немаше да ги добијат. Верувале или не, но видовитата портпаролка предвиде и што ќе се случело.
„Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.
На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел,“ предочи портпаролката во улога на Баба Ванѓа.
Освен Баба Ванѓа, тука се јави и Фројд во реченицата На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Признание, кое колку и да го потиснуваш, потсвесно излегува на виделина. На страна што и врапчињата во Македонија и пошироко го знаат истото.
И сето ова за да театрално и со воздишка заврши со копи-пејстираните реченици, исто како 70% од текстот кој од мрзеливост српските пи-арџии катадневно саде го надополнуваат со неколку нови, троа актуелни реченици за да изгледа барем малку поинаку од вчерашниот текст. Тој па со завчерашниот. Тој со оној од пред две недели…
„Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара!“ кажа портпаролката на Филипче. Дали и тука проговори Фројд и дали дотичната со ОДГОВОРНОСТА мислеше на кривичните на НБРМ за врхушката на СДС? За БАНДАТА од Бихаќка ли станува збор?
Велат дека лобирањето и притисокот на СДС за неуспешна продажба на Алта банка АД Битола само ќе се засилува и ќе го достигне своеот крешчендо на 30-ти ноември, на денот на аукцијата. Класично, политичко харакири на врхушката на СДС…
Извор: Курир




