За 4 години ќе исплатиме повеќе камати отколку за претходните 7 години на СДСМ и ДУИ, пишува на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
-Каматите на државниот долг – се поголем товар за буџетот!
Таа е тезата која опозицијата ја шири на расправата за Буџетот за 2027 година.
И така е. Но да ги видиме бројките.
Бројките кажуваат се!
2017–2023 (7 години СДСМ – ДУИ): 1,03 милијарди евра за камати – од претходни влади.
2024–2027 (4 години ВМРО – ДПМНЕ): 1,36 милијарди евра за камати, според реализацијата и буџетските планови – од претходни влади.
За само 4 години, 32% повеќе камати отколку во претходните 7 години!
Само во 2027 година, државата има предвидено обврски од 405 милиони евра за камати- 62 милиони евра повеќе од 2026 година, што е еквивалентно на 55,4% од планираниот буџетски дефицит!
И ова се само каматите. Без отплата на главнината!
Затоа, кога зборуваме за државниот долг, не зборуваме само за бројки, туку за товарот врз буџетот и средствата што треба граѓаните да ги вратат – бидејќи некој некогаш ги земал, а за жал – не направил ништо, пишува Стојаноски во објавата.




