Американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе отпатуваат за Берлин, каде е предвидена средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и со европските лидери на состанокот на Коалицијата на подготвените.

– Нашите приоритети за ова патување се дополнително зајакнување на блиската координација со Украина и Европа, работа кон усогласен став за клучните елементи на траен мир, како и заедничка подготовка на агендата и предложениот формат за следната рунда мултилатерални преговори, објави Кушнер на платформата Икс.

Тој истакна дека разговорите ќе бидат фокусирани и како работата на Коалицијата на подготвените би можела да придонесе кон безбедносните аранжмани во повоениот период, вклучително и веродостојни безбедносни гаранции за Украина, како и поширока рамка за зајакнување на стабилноста во Европа и намалување на ризикот од идни конфликти.