Вчера (20.11) полициски службеници од полициското одделение Кривогаштани, во основните училишта „Манчу Матак” во с.Кривогаштани и „Јонче Смигрески” во с.Обршани реализираа превентивни работилници со учениците на тема „Безбеден сообраќај” , при што поделени беа и летоци со едукативна содржина.

На 21.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со претставник од РСБПС и полициски службеници од ПС за БПС Штип, на експресниот пат Штип-Скопје, реализираа превентивно едукативна кампања по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, кој се одбележува секоја година во третата недела од месец Ноември, под мотото „Патиштата си имаат своја приказна – Кажи стоп за смртта на патиштата“, притоа се поделени едукативни летоци за едукација на учесниците во сообраќајот, а со цел превенција од девијантните сообраќајни појави кои би можеле да завршат со фатални последици.