Времето денеска во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните од 15 до 22 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

За утре се најавува променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.