На интернет се појави снимка од пукањето на браната во Бразил по што загинаа 99 луѓе и 259 се водат како исчезнати. Околу 13 милиони кубни метри кал што се гледа на снимката, го погодија гратчето Брумадињо во југоисточниот регион Минас Жераис.

Спасувачките тимови соопштија дека шансите да се пронајдат преживеани се многу мали.

Еден од преживеаните последен пат е извлечен во саботата. Браната пукна на 25 јануари, а рударскиот гигант соопшти дека на семејствата на загинатите ќе им исплати по 27.000 долари.