Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потврди дека Украина стои зад нападот во кој беше потопен руски воен брод во близина на брегот на Либија.

Во денешната објава на платформата Икс тој наведе дека украинските сили употребиле седум поморски дронови од украинско производство во операцијата во која била потопена руска корвета.

Зеленски го опиша пловниот објект како еден од најновите во составот на руската воена морнарица ставен во служба во 2023 година, за време на руската инвазија врз Украина.

„Ги продолжуваме операциите во определените поморски подрачја. Одговараме на руската агресија. Го развиваме украинското вооружување“, напиша украинскиот претседател.