Британската влада почнала „сериозна работа“ за можноста државата да остане во постојана царинска унија со Европската унија како начин да се спаси брегзит, објави Индепендент.
Подготовката е на високо ниво под притисок на неколку министри во владата кои бараат од премиерката Тереза Меј да се согласи со идејата за царинска унија за да добијат поддрка од лабуристите за договорот за брегзит, наведува весникот кој се повикува на високи извори.
– Сериозно работиме на царинска унија. треба да сме подготвени ако политичката ситуација се развие во таа насока, наведува изворот.
Лидерот на лабуристите Џереми Корбин сака државата да биде во постојана царинска унија со ЕУ по брегзит додека Меј досега беше против нагласувајќи дека тоа ќе пречи на способноста на Велика Британија да склучува независни трговски договори по светот.