Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Колегиум на Алфа телевизија изјави дека новиот пристап на Европската Унија кон процесот на проширување, заснован на конкретни резултати и исполнување на преземените обврски претставува значајна можност за Македонија. Според него, Македонија покажува сериозна динамика во исполнувањето на реформските задачи, со што се позиционира меѓу најуспешните држави во искористувањето на европската поддршка.
„Има два аспекта зошто е добро за некои случувања сега, од аспект на комуникацијата што ја има Македонија со ЕУ. Има дилеми, разговори дали има замор проширувањето итн., но овие измени што ги направија од еден чуден аспект на Македонија и се исклучително поволни. Зошто? Бидејќи се по учинок. Бидејќи имаме типичен мерит систем каде што имаме листа што треба да направиме, што треба да извршиме, какви реформи да спроведиме, имаме директна оценка и согласно тоа и своевиден прогрес, но дефинитивно имаше и неколку финансиски пакети коишто го поткрепуваат овој тек на имплементација на реформите и тука Македонија е лидер. Таму каде што се чека да се сработи, да се направат подобри услови за граѓаните, подобри услови за бизнисот, подобри услови за нашето секојдневие , подобри услови за приближувањето кон ЕУ, таму каде што се бара реализација, тука сме неприкосновени“, рече Јаревски и додаде:
„Неколку пати го имам истакнато, покрај овој модел што го направија на оценување на некој начин исто така воведоа и еден механизам каде што оние држави коишто имале предвидено x износ на средства, доколку не ги реализирале нивните обврски, тие средства се пренасочуваат кон оние што имаат динамика. И тука сме повторно лидери како Македонија, можеби тоа не се премногу средства, но е многу повеќе од симболично и да ни даде и бран на охрабрување и дополнителен мотив да се продолжи по насоката по којашто се движимe“.
Јаревски истакна дека исполнувањето на реформите и заштитата на македонските национални интереси не се и не смеат да бидат меѓусебно исклучиви процеси. Тој дададе дека опозициската СДС во минатото правелa остапки на сметка на македонските интереси, потенцирајќи дека дека таков пристап е неприфатлив, бидејќи ниту една отстапка не може да биде замена за одговорно управување, економски развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.
-Едниот процес не го исклучува другиот. Нивната филозофија е „ние ќе направиме било какви отстапки и на сметка на тоа не треба ништо друго да направиме за државата”. Нивната филозофија беше, „ако ние направиме, учиниме нешто со некоја отстапка на сметка на македонските интереси, ако се допаднеме до нив, па и не мора да сработиме, ќе не толерираат”, што е неприфатливо, бидејќи тој период ќе помине, а условите во коишто живееме и работиме во државава и генерално сите граѓани, ќе бидат уште полоши, посочи Јаревски.
Според Јаревски, преку реализацијата на реформската агенда и конкретните резултати, државата покажува дека има капацитет, решителност и јасна европска определба.
„Дали има едно прашање што можеби е подолго и подетално дискутирано од ова прашање со уставните измени. Јас еве неколку години наназад мислам дека не постои емисија каде што не било директно или индиректно отворено. Се разбира дека ние сме свесни во каква ситуација не оставија, но неприфатливо ми е, одбивам да помислам дека, онаа нивна теза дека „ние направивме толку лошо што вие ништо не можете да направите”. Ќе се трудиме и ќе работиме. Овој дел ни дава, односно вториот сегмент со исполнетоста или реализацијата на реформската агенда, ни дава сосема доволно аргументи да укажеме колку сме ние решителни на европскиот пат, односно не да влеземе во ЕУ, туку да ја донесеме Европа кај нас, во нашето секојдневие , во филозфија на размислување, во филозофија на работа, образование, спорт, култура итн. Додека како зајакнуваме економски и како добиваме на тежина и на сериозност како држава бидејќи и тука кредибилитетот ни го нарушија комплетно претходно, се надевам дека и нашите факти и аргументи и посветена работа во однос на образлагање на нашите ставови, во образлагање на нашата ситуација ќе помогне да се изнајде начин и на оваа, како што тие се радуваат, безизлена ситуација. И мислам дека имајќи ги предвид и изјавите од европските челници и претставниците нивни тука и наративот во самиот извештај, мислам дека и тука сме на добар и стабилен пат. Нема чуда преку ноќ, особено во ваква ситуација во којашто сме ја наследиле, но ги гледаме првите резултати од патеката која што беше дефинирана и се движиме“, дециден е Јаревски.




