Пред неколку дена Албанец беше прогласен за најдобар студент на Економскиот факултети при УКИМ каде 100 отсто од професорите се Македонци. Тоа не видов некој Албанец да го споделува. Денес гледам се бунат зошто МОН доделил 737 стипендии на Македонци, а 80 на Албанци и дека наводно тоа било дискриминација, вели адвокатот  Умјер Муамеди.

Тој натаму во објавата на неговиот профил на Фејсбук додава:

– Јас додека студирав имам добиено стипендија од МОН, исто така познавам и други Албанци што имат добиено стипендии од МОН. Без никакви врски. За да добиеш стипендија од МОН има критериуми преку кои се врши селекцијата и нема шанси некој да испадне само затоа што е Албанец. Мислам аман веќе со овие глупости, Македонци толку, Албанци толку. Дај да се фокусираме веќе на квалитет, порачува Муамеди.

Но, наспроти ставовите за критериуми, партиите афирмираат (меѓу)етнички. Така, денеска опозициската ДУИ, која две децении беше на власт, покрај другите имаше и министри за образование и наука, и тогаш немаше забелешки,  сега како опозиција ја користи секоја прилика проблемите да ги поставува токму на таква релација (Македонци и Албанци).

Тоа поттикнува револт и за ситни партиски поени ги поткопува довербата во институциите и меѓуетничката доверба.

Објавата на Фејсбук може да ја прочитате ТУКА.