Во Првата техничка школа во Крагуевац утрово дошло до пукање, при што се повредени две постари лица, додека учениците се неповредени. Полицијата соопшти дека напаѓачот веднаш бил уапсен.

Со официјално соопштение се огласи и крагуевската полиција, која наведува дека утрово околу 8 часот било пријавено дека во Првата техничка школа во Крагуевац се случил инцидент во кој две лица се здобиле со повреди. Едното лице најверојатно било повредено од огнено оружје, а другото од парчиња стакло.

Полицијата совладала и уапсила 17-годишен ученик од училиштето, кој е осомничен дека во училишниот хол употребил малокалибарска пушка.

Полициските сили се на терен и интензивно работат на утврдување на сите факти и околности на настанот.

Ниту еден ученик во училиштето не е повреден.

Од Итната медицинска помош соопштија дека повикот го добиле околу 8 часот и 5 минути поради пукањето во Првата техничка школа. Според неофицијални информации, една нивна екипа ја згрижила помошната работничка, која била погодена во ногата додека седела во портирницата на училиштето, а друга жена се здобила со повреди од рикошет.

Како што претходно објави крагуевачкиот портал „Глас Шумадије“, ученик од училиштето, за време на наставата, влегол во училиштето со малокалибарска пушка и пукал во помошната работничка.

Полицијата потоа го обезбедила и целиот круг околу училиштето.