Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од средбата со лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во албанскиот конзулат во Битола. На фотографијата се гледаат знамињата на Албанија и на НАТО, но не и македонското државно знаме, објави Курир.
Рама на својот фејсбук-профил објави серија фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука, меѓу кои и фотографија од разговорот со Филипче.
Фотографијата ја споделил и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Агрон Демири, кој кратко потоа ја избришал објавата.
На прашањето зошто на фотографијата го нема македонското знаме и за што разговарале двајцата политичари, од Центарот за комуникации на СДСМ фатени во немукает за „Фокус“ одговориле: „Станува збор за неофицијална средба на нивно барање во просториите на конзулатот на Република Албанија во Битола. За знамињата прашајте во конзулатот“.
Индикативно, ниту Филипче ниту СДСМ не ја објавиле средбата на своите официјални профили на социјалните мрежи. За нивна жал, Рама ги издаде дека немало знаме на асталот на средбата, што не му пречи на вообичаено намуртениот „лидер“ на СДС сега да е насмејан „до уши“. Ете, каков бил рецептот да го насмеете Венко. Секогаш кога Рама ќе понижи „лидер“ на СДС, тие се „газат“ од смеење при чинот. Симптоматично или не, но сетете се и дека и неговиот претходник Ковачевски викан Таче се изнасмеја кога истиот тој Рама го нарече „ЗАПАДНОБУГАРСКИ ПРЕМИЕР“.

Извор: Курир




