Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози во западните делови од државата, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Како што информира јавното претпријатие, во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

-Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.