Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, зборувајќи за состојбите на „Алта банка“, рече дека ако Давор Мацура работел со руски капитал, зошто тогаш претходната влада на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка.

„Не е важно што мислам јас. Важно е дали тој, кога влегол во Македонија, ги исполнил законските услови или не ги исполнил. И он влегол со исполнети. И претпоставувам дека на тие законски услови е проценето дека може да се стекне со правото да управува со банка каде што приватните сопственици на акции продале акции, во случајот „Алта банка Србија“.“

На прашањето дека „Алта пеј“ не влегла, Мицкоски порача:

„Па не влезе. Нормално дека не влезе. Затоа што не може платежно друштво да стане сопственик на банка. Имаме ние многу такви случаи во Македонија што имаат таков обид, па не влегуваат. Затоа што и ние имаме обврски пред Европска централна банка, имаме обврски пред СЕПА, така што случајот е кристално чист. Но она што претходно се случи е фактот дека тие истите, коишто сега обвинуваат за Давор Мацура, влегле во деловни односи со Давор Мацура две години претходно.“