Според соодносот со висината на потрошувачките кошнички кои го одразуваат стандардот и висината на трошоците на живеење, компарацијата на официјалните податоци во истражувањето на Курир покажа дека Македонија и Србија имаа надалеку најдобар сооднос меѓу просечната пензија и потрошувачката кошничка во земјите од поранешна Југославија.
Од поранешните југословенски републики, според достапните податоци, просечната нето старосна пензија во Словенија во октомври изнесувала 963,50 евра, земја со највисок стандард, но и најскапа потрошувачка кошничка. Трошоци без кирија: околу 2.813 € месечно. Кирија за поголем стан (трособен): најчесто помеѓу 1.000 € и 2.000+ € месечно, во зависност од градот и локацијата (во Љубљана е значително повисока отколку во помалите градови). Пензијата не е ни четвртина од кошничката.
Во Хрватска септемврискиот просек, исплатен во октомври, изнесувал 654,29 евра, таа е втора и по висината на потрошувачката кошничка. За реален живот на четиричлено семејство во Хрватска под кирија, со вклучени сметки, превоз, облека и трошоци за деца, месечно се потребни околу 2.500 до 3.800 евра, покажуваат податоците.
Соодносот меѓу пензија и кошничка е од минимум четири пати до шест пати помал.
Црна Гора: Просечната старосна пензија за октомври изнесувала 550,93 евра, вклучувајќи ги и исплатите во другите земји од поранешна Југославија, додека просекот на сите видови пензии бил 526,60 евра. Црногорскиот пензиски фонд во соопштението за исплатата наведува и износ од 576,02 евра, во кој се пресметани и разликите. Таа е трета по висината на кошничката. Сумата е за 60 евра (2,84 %) повисока во однос на вториот квартал од 2026 година, кога изнесуваше 2.110 евра. Во првиот квартал од 2026 година кошничката изнесуваше 2.090 евра. Повторно, четири пензии за една кошничка.
Србија: Просечната старосна пензија за септември изнесувала 60.864 динари, односно 517,69 евра. Ако се земат предвид сите видови пензии заедно, српскиот просек изнесувал 483,34 евра. Просечна потрошувачка кошничка (јули 2026): 111.031,18 динари или 950 евра (во јуни 2026 изнесувала 110.857,05 динари). Малку помалку од две просечни пензии за целосна, семејна кошничка.
Македонија: Во септември просечната старосна пензија изнесувала 30.529 денари, односно околу 496 евра. Овие податоци се потврдени и во официјалната септемвриска статистика на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Пресметката на Министерството за економија и труд покажува износ од 58.117 денари или 944 евра за септември 2026 година за семејна потрошувачка кошничка. Помалку од две просечни пензии за целосна, семејна кошничка.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина просечната старосна пензија во октомври изнесувала 812,46 конвертибилни марки, односно 415,40 евра. Кога ќе се соберат сите видови пензии, и самостојните и сразмерните, просекот во Федерацијата БиХ изнесувал 386,41 евро. Вкупен износ ан семејна потрошувачка кошничка (октомври 2026): 3.594,20 КМ или 1.839,35 евра (повисоко за 28,50 КМ во однос на септември, кога изнесуваше 3.565,70 КМ). Потребни се четири и пол пензии за една семејна потрошувачка кошничка.
Од друга страна, Фондот на Република Српска за октомври објавил просек од 726,82 марки, односно 371,62 евра. Според податоците на Сојузот на синдикати на Република Српска (ССРС), синдикалната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство изнесува 2.936,62 конвертибилни марки (КМ) (околу 1.501 евра). Овие податоци се однесуваат на пресметката за август 2026 година, а просечната нето-плата во ентитетот ја покрива со околу 57,7%. Околу четири и пол просечни пензии за семејна потрошувачка кошничка.
Сите горенаведени податоци се официјални податоци на екс Југословенските држави.




