Во законодавниот дом денеска се одвива втор ден од надзорната расправа за Алта банка.
-И денес опозицијата продолжи со ширење страв и паника, наспроти смирените, аргументирани и стручни одговори на експертите и Претседателката.
Наместо политичко драматизирање, расправата треба да биде во функција на фактите, институционалната одговорност и објективното утврдување на состојбите.
Фактите и стручноста треба да бидат посилни од политичките конструкции и обидите за создавање паника, вели пратеникот Никола Мицевски.




