Заменик министерот за правда Ален Деребан вечерва се обрати на свечената седница на Собранието на Комората на вештаци, при што ја истакна клучната улога на вештачењето во утврдувањето на фактите и донесувањето законити и правични одлуки.
-Се осврнав на повторното воспоставување на Комората во 2024 година, новиот Тарифник за награди и надоместоци, подготовката на новиот Закон за вештачење, како и потребата од поголема професионална одговорност и навремено изготвување на вештачењата. Остануваме посветени на унапредување на партнерската соработка со Комората, со цел создавање јасни законски решенија, повисоки професионални стандарди и поефикасен правосуден систем, објави Деребан.
Стручноста, независноста и интегритетот се темелите врз кои се гради довербата во вештачењето, а со тоа и во правдата.




