Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го бранеше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп во односите со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека тој притисок функционира и мора да продолжи.

Пред денешната средба со Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, Руте во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ изјави дека американскиот претседател всушност го тестира Путин, вклучително и за време на нивната средба минатата недела во Шенџен, Кина.

Руте рече дека Трамп го прашува Путин: „Дали е подготвен да седне на преговарачка маса? Дали е подготвен навистина да се вклучи во разговори?“.

– Мислам дека тоа функционира и мораме да продолжиме во таа насока – рече генералниот секретар на НАТО.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше, како што оцени, недостигот од американски притисок врз Путин.

– Ако зборувате за Путин како да ви е пријател… се разбира дека тој не се чувствува како убиец. Не чувствува доволно притисок – изјави Зеленски пред неколку дена за американската телевизија „Си-ен-ен“.