Македонската кошаркарска репрезентација е комплетна и ќе го дочека натпреварот со Кипар во комплетен состав, откако на последниот тренинг во салата „Лазар Лечиќ“ се приклучија и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.
Селекторот Жозеп Марија Берокал ги доби на располагање сите повикани кошаркари пред важниот дуел од втората рунда на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Македонија ќе ја брка втората победа во оваа фаза од натпреварувањето, а за противник го има Кипар. Двете селекции досега имаат идентичен учинок, откако во августовскиот прозорец славеа против Австрија, третата репрезентација во групата „Ф“.
Натпреварот меѓу Македонија и Кипар ќе се игра четврток од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.




