Безбедносниот аналитичар Владо Јовановски гостуваше во поткастот „Наткаст“ со Љупчо Цветановски. Тој истакана дека СДСМ си прави фантазии за некаква револуција, одговарајќи на тоа дали има можност за нова „шарена“ или каква и да е револуција, онаква каква што се случи во 2016 година.
– И човекот и државата и политичките партии, сите тие политички субјекти во општествените случувања имаат голем проблем кога не працизно или не добро ја перцепираат општествената реалност. Она народски речено за некој кој не ја перцепира реалноста на вистински начин, велиме дека „одлепил“ малку, рече Јовановски.
Тој истакна дека зборуваме за човек – поединец, кој секој има право на фантазија, секој поединец, секоја држава и секоја политичка партија.
-Би рекол дека тоа е исто како јас сега да кажам дека за две години ќе влезам во ринг со Мајк Тајсон, иако тој не е активен повеќе, но сеуште е силен, и да бидам сериозен во таа намера. Секако тоа малку не е соодветно со реалната состојба и тоа би можело да биде многу опасно за Мајк Тајсон се разбира, потенцира Јовановски.
Тој додаде дека државата мора да ги перцепира геополитичките околности и морас да постигне одредено ниво на безбедност за да се развива понатаму.
Целото интервју со Владо Јовановски проследете го на јутуб каналот на курир.мк




