Достоинството на жената не смее да биде предмет на потсмев. Само неколку дена пред почетокот на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, во јавниот простор се појавија сексистички пораки, прикриени зад превезот на хуморот. Особено загрижува фактот што вакви пораки доаѓаат од носители на јавни функции- советник во општина Карпош од Левица, велат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карпош.

Како што истакнуваат заложбите на политичките партии за борба против насилството врз жените мора да бидат проследени со доследно и одговорно однесување на нивните претставници.

-Во спротивно, се поставува прашањето за искреноста односно лицемерие на нивните јавно декларирани заложби. Додека Левица јавно се декларира за борба против насилството врз жените, ваквите сексистички објави од нејзините советници во Карпош покажуваат недоследност меѓу зборовите и постапките. Не можеме да зборуваме за родова еднаквост, а истовремено да го нормализираме сексизмот. Жената не е декоративен елемент, ниту нејзиното деколте треба да биде предмет на јавни очекувања.Почитта кон жената не е прашање на дрес-код, туку на култура, воспитание и цивилизациски вредности, нагласуваат тие.