Mенаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино изјави дека нема да е меѓу оние кои ќе го поддржуваат Арсенал против Манчестер Сити.
Вечерва „топџиите“ гостуваат кај „граѓаните“ во натпревар кој може да го откаже Манчестер Сити од битката за титулата. Во неа, сепак, се уште може да интервенира екипата на Тотенхем. „Петлите“ победија со 1:0 над Њукасл и со 57 поени се искачија на второто место во генералниот пласман пред средбите на Ливерпул и Манчестер Сити.
На прашањето, дали ќе ја гледа средбата на „Етихад“, Маурисио Почетино одговори позитивно: „Да, дома“.
Запрашан веднаш потоа, дали ќе навива за Арсенал, менаџерот на Тотенхем беше категоричен: „Не. Зошто? Никогаш“.
Непријателството помеѓу Арсенал и Тотенхем во северен Лондон е едно од најголемите.
– Ќе го разгледам натпреварот, но нема да навивам ни за еден, ни за друг тим. Ќе го гледам натреварот и ќе го прифатам резултатот каков што е. Ќе бидам среќен со резултатот, што и да се случи, рече Маурисио Почетино.
Дуелот од 25-тиот круг на Премиер Лигата е од 17,30 часот.