Велика Британија, Франција, Германија и други европски држави се очекува денеска да го признаат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела откако актулениот претседател Николас Мадуро не одреди датум за нови претседателски избори, објави Гардијан.
– Не прифаќаме ултиматум од никого. Нема да распишам избори во овој момент. Ќе има избори во 2024 година. Не не интересира што зборува Ецропа, изјави синоќа Мадуро во телевизиско интервју.
Рокот што и го постави Европската Унија на Венецуела за закажување нови избори истече на полноќ.
Европската Унија минатата недела му даде ултиматум на актуелниот претседател Николас Мадуро да свика нови избори до денеска, и дека во спротивно Унијата ќе застане зад неговиот политички противник, Хуан Гваидо.
Европскиот Парламент во петокот го призна Гуаидо како „легитимен привремен претседател“ на Венецуела и побара од земјите членки да заземат ист став.