Кошаркарите на Кожува вечерва ја остварија втората победа во регионалната СЕХА-лига, откако на домашен терен беа поуспешени од Башкими со 90:74. Клучната предност избраниците на тренерот Александар Јончевски ја направија во втората четвртина (28:12).
За Кожув ова беше осми одигран натпревар и само втора победа.
Гостите од Косово го запишаа деветтиот пораз во десеттиот свој дуел оваа сезона.
Табела: Берое 8-0 (победи-порази), Академик Бултекс 7-3, Теута Дуреш 6-3, Блокотехна 5-2, Кожув 2-6, Атирау 1-7 и Башкими 1-9.